06/07/2026
Здружението Ловно друштво „БИСТРА" – Гостивар, во име на сите свои членови, вработени и соработници, Ве повикува и опоменува за следното:
Ве известуваме дека во временскиот период од 04.07.2026-06.07.2026 година на социјалните мрежи (Facebook, Инстаграм и X), од страна на фејзбук профилот на LINA- Safe Life, get a life, help to animals како и од страна на профилот на Здружение за заштита на животните „Обезбеди Живот“ Велес Македонија, веб порталот Pa Censure, како и лицата регистрирани на фејзбук профил со име Krisitijan Kovacevski и Tina Zak како и сите останати физички лица беа објавени повеќе содржини (текстуални, фотографски и видео-материјали) со навредлива, клеветничка и невистинита содржина, директно насочени кон Ловното друштво „БИСТРА" – Гостивар, неговите членови и нивните легални активности.
Спорните објави, меѓу другото, вклучуваат:
• Наслови од типот: „ТРОФЕЈ ЗА УБИСТВО НА НЕДОЛЖНО ЖИВОТНО!!!", „Trofе për vrasjen e një kafshe të pafajshme", „ТРОФЕЈ ЗА УБИСТВО НА НЕДОЛЖНО ЖИВОТНО – СЛИКАТА НЕКА ВИ ГИ КРАСИ ЛИЦАТА, ГОРДИ ЗА УБИВСТВО ,САДИЗАМ" и слични;
• Квалификување на легален и законски регулиран лов како „убиство", „садизам", „злосторство" и слично, без притоа да биде наведено ниту едно вистинско образложение или доказ;
• Лични навреди и закани кон членовите на нашето здружение, вклучувајќи коментари како: „Да даде господ инвалиди да останете и сите пари на апчиња да ги дадете", „Што ги блокирате коментарите на најновиот пост… Убијци", „копилиња" и слични изрази; „Пу да ти се плукнам во ретардираните!!! Каде живеам бе јас!? Шо бе посветеност!? У стапици ги фаќате ПИЧКИ!!!
• Ширење на фотографии и видеа без согласност, во контекст што директно го оцрнува угледот на здружението.
Ваквите објави претставуваат невистинито прикажување на легалниот лов и на ловецот кој во организирани, законски рамки на ЛД „БИСТРА" успешно реализираше одстрел ВО ЛОВЕН РЕОН ВО ЛОВИШТЕТО СО КОЕ СТОПАНИСУВА, ЗА ВРЕМЕ КОГА Е ДОЗВОЛЕН ОДСТРЕЛ ЗА ОВОЈ ВИД НА ДИВЕЧ како и етикетирање на целата активност како наводно инкриминирачка;
Пред сè, нагласуваме дека Ловното друштво „БИСТРА" – Гостивар работи совесно и согласно Законот за дивечот и ловството, а во текот на целата година, го одгледува, прихранува и штити дивечот, а несовесните ловокрадци (нелегални ловци) – се санкционираат без исклучок. Сè она што се спроведува во рамките на нашето здружение е законски регулирано, етички и стручно.Токму затоа, уште повеќе недопустливо е ширењето на клеветни содржини со кои се сугерира дека ЛД „БИСТРА" е наводно несовесно или нехумано друштво – што е во целосна спротивност со вистината.
Ваквите објави претставуваат груба повреда на: Уставот и позитивните законски прписи како Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета особено одредбите за клевета, навреда и ширење на невистинити информации преку јавни гласила и електронски платформи, Кривичниот законик на Р.С. Македонија, Законот за облигационите односи – одредбите за надоместок на материјална и нематеријална штета по основ на повреда на честа и угледот, и Законот за дивечот и ловството на Р.Македонија – кој јасно ја регулира постапката за организиран и легален одстрел на дивеч, каде е уредено кои животни спаѓаат под дивеч, под каква заштита е определен вид на дивеч, како и тоа што претствува ловстово, ловостој и временски период кога е дозволен одстрел на одреден вид на дивеч.
Напоменуваме: ловот на кој се однесуваат објавите е целосно легален, спроведен со валидни дозволи, во рамки на дозволена ловна сезона, со почитување на сите законски и етички стандарди. Наводите за „убиство" се целосно невистинити и тенденциозни.
Врз основа на погоре изнесеното, Ве повикуваме во рок од 7 (седум) дена од денот на приемот на оваа опомена, да ги преземете следниве дејствија:
1. Отстранување на содржините.
Да ги избришете/отстраните сите спорни објави, фотографии, видеа и коментари од Вашите профили, страници и портали, вклучувајќи ги и сите копии, споделувања и реакции на истите.
2. Јавно извинување.
На истите платформи (Фејзбук, Инстаграм, X, веб-портал), без дополнителни уредувачки измени, во видно обележана објава (sticky post / насловна објава) во траење од најмалку 30 дена,
3. Прекин на понатамошно ширење.
Веднаш да престанете со понатамошно објавување, споделување или коментирање на содржини со навредлива или клеветничка содржина поврзана со ЛД „БИСТРА" – Гостивар и неговите членови.
4. Писмено известување.
По извршувањето на точките 1–3, писмено да нè известите за преземените мерки, со приложување screenshot-ови како доказ.
Доколку не постапите по ова барање во наведениот рок, Здружението ЛД „БИСТРА" – Гостивар ќе биде принудено да ги заштити своите права и да поведе соодветни кривични и граѓански постпаки во кои ќе сносат одговорност сите инволирани правни и физички лица.
Сите трошоци за правно застапување, судски постапки, вештачења и објавувања ќе паднат на товар на секој поединечно идентификуван објавувач.
Со почит,
Ловно друштво „БИСТРА" – Гостивар