15/06/2026
Не затоа што никогаш не пропушташ тренинг.
Не затоа што си опседнат/а со форма.
Туку затоа што во еден момент престануваш да го третираш тренингот како нешто што го правиш само кога имаш време, волја или совршени услови.
Лесно е да се вежба кога денот е мирен, распоредот е среден и сè оди по план.
Но вистинската рутина се гради кога има обврски, патувања, стрес, прослави, умор и денови што не изгледаат идеално.
Околностите се менуваат.
Стандардот што го имаш кон себе, и не мора.
🤍 Оваа мисла е инспирирана од нашите членови кои патуваат, работат, имаат семејства, обврски и динамичен живот, но сепак наоѓаат начин да останат во ритам со себе. 🤍
20 минути.
2× неделно.
Рутина што се вклопува во животот, не обратно. ⚡️⚡️
Ако долго време си велиш „сакам да почнам“, можеби оваа недела е доволна за првиот чекор.