USK Goce Delcev
Основна цел на нашата програма е создавање на интерес и љубов кон здравиот начин на живеење и спортот
21/02/2023
Што е мини баскет ?
Мини баскет е кошарка прилагодена за најмладите. Експерти од областа на кошарката дизајнираа кошарка за најмладите која е во согласност со нивната висина и можности.
Целта на мини баскетот е кај децата да се развие љубовта кон кошарката, здравиот живот и спортот, да се развијат нивните моторни способности и на децата да им се овозможи квалитетна забава и дружење.
На која возраст е најдобро да се запише дете на мини кошарка?
Тренингот за мини кошарка може да започне уште на 6 години, доколку утврдите дека вашето дете е заинтересирано и подготвено за спорт. Мини баскетот е наменет за деца од 6 до 10 години, по 10-годишна возраст децата се насочуваат на тренинг за кошарка.
Децата во овој период преку игра ја учат кошарката, играат кошарка со помали топки и на помали кошеви.
Кои се условите за запишување на мини кошарка?
Нема услови за упис во мини баскетот. Сите деца можат да почнат да тренираат, доколку покажат желба. Многу родители се прашуваат дали висината е еден од факторите за започнување на тренинзи за мини баскетот?
Висината не е предуслов, висината може да биде само последица на долгогодишно тренирање.
Мини баскетот овозможува децата да ја развијат љубовта кон спортот.
Затоа, вашето дете не мора да исполнува никакви предуслови за да почне да игра мини баскет, преку тренинзи, играње со другарите и соработка со специјално обучени тренери ќе ги стекне сите потребни вештини.
Пријави се и ТИ и биди дел од победничкиот тим. 🏀🏀🏀
Сите информации можете да ги добиете во кабинетот по физичко и здравствено воспитување кај професорот Саша Димитријевиќ
21/02/2023
ЗОШТО ДА ТРЕНИРАМЕ ФУДБАЛ ? ⚽️⚽️⚽️
Фудбалот е спорт кој бара многу различни движења, и од играчите и од голманите.
Сите вежби вклучени во фудбалот им помагаат на децата да останат здрави , подобрувајќи ја нивната координација, сила и флексибилност.
Фудбалот е забавна физичка активност со многу здравствени придобивки, како што се развој на мускулите, подобро функционирање на срцето, подобрување на координацијата и рамнотежата, намалување на дебелината, а делува и како превентивна мерка против појава на разни физички деформитети итн.
Затоа пријави се и почни да тренираш во твоето училиште, а професорката Мартина Боглева ќе воведе во чудесниот свет на фудбалската игра.
20/02/2023
“Биди здрав -Спортувај од мали нозе”
14/02/2023
Целта на проектот “Фудбал во училиште” ⚽️⚽️⚽️е да обезбеди богато и квалитетно искуство за младите фудбалери.
За возврат, позитивното искуство на тренинзите ќе помогне да се поттикне нивната страст за фудбалската игра и спортот воопшто.
Проф. Мартина Боглева ⚽️⚽️⚽️
13/02/2023
Дете кое расте со спорт ќе стане подобар човек , а личноста која е способна да работи со
други, без разлика дали се работи за соиграч или противник е здрава личност на која сите врати и
се отвараат. 🏀🏀🏀⛹️♀️⛹️♀️⛹️♀️
10/02/2023
Забавен училишен спорт при ФУСМ.
За активно учество во Проектот, денес беше доделена спортска опрема на УСК Гоце Делчев – општина Аеродром. На настанот присуствуваа директорката на училиштето г-ѓа Даница Кипријановска-Соколова, советникот за спорт при општина Аеродром г-дин Тане Димовски и наставниците по ФЗО, Саша Димитријевиќ и Мартина Боглева. Спортската опрема ја додели претседателот на комисијата за забавен училишен спорт при ФУСМ, проф. Зоран Наков.
08/02/2023
Минибаскетот е поинаков пристап за вклучување на деца да се занимаваат со спорт и истовремено да се чуствуваат радосно.
Основно начело на овој проект е децата преку игра да учат за основите на кошарката, а не како што е во клубовите каде учат да играат. Играта им обезбедува на децата радосно и среќно детство и таа преставува основа за сестран развој на секое дете.
Здраво дете се игра, и со тоа ги задоволува своите психички, физички и социјални потреби, ги мери своите способности, својата сила, застанува на сопствени нозе и почнува да ги прави првите чекори во животот, стекнува животно искуство и пријатели.
07/02/2023
Успешна реализација на проектот “ Фудбал во училиште”
Проф. Мартина Боглева
Без квалитетен тренинг нема напредок.
БИДИ ЗДРАВ, СПОРТУВАЈ ОД МАЛИ НОЗЕ ⚽️⚽️⚽️
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Skopje
1000