12/05/2026
Македонската скајранинг репрезентација изминатиот викенд настапи на младинско Youth Skyrunning World Championships, кое се одржа во Хрватска на Biokovo Nature Park / Makarska, во организација на и International Skyrunning Federation.
Ова беше уште еден значаен меѓународен настап за македонскиот скајранинг и важен чекор во развојот на младите категории.
Единствен наш натпреварувач беше
Daniel Jankov за кого ова беше прво учество на голем меѓународен настан и учество во трки со сериозни млади атлети селектирани од националните федерации од целиот свет.
Даниел настапи во U23 категоријата каде оствари пласман индивидуално /комбинирано ВК+Класик 30 место од 36 натпреварувачи.
Македонија тимски е 32место од 33држави.
Македонскиот тим составен од
Даниел Јанков / натпреварувач
Душко Петрушевски /тим лидер
Сања Најдовски / курс за ИСФ судија
Александар Стојановски /курс за ИСФ судија
стекна значајно меѓународно искуство и е на одличен пат да ги добие првите сертифицирани судии за скајранинг во Македонија што е од исклучителна важност за развој на спортот и подигнување на нивото на трките во Македонија.
Самиот настап на ова првенство претставува силен сигнал дека Македонија мора постепено да гради систем и континуитет за развој на младинските категории.
Овој настап на Даниел нека биде мотивација за следната цел а таа останува создавање на уште поширока база на млади натпреварувачи и нивно континуирано присуство на најголемите меѓународни натпреварувања. 🇲🇰⛰️
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
СкајранингМКД 🇲🇰
06/05/2026
Збор два за Скајранинг Македонија и престојниот настап на младинското светско првенство во Хрватска у23
Со Daniel Jankov и Dule Petrusevski
Даниел Јанков - единствен Македонец на Светското младинско скајранинг првенство во Хрватска
Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.
14/04/2026
Од 8до 10 мај 2026 година Хрватска/.biokovo.challenge ќе биде домаќин на
Младинското светско првенство во скајранинг, каде Македонија ќе има свој прествник во младинска конкуренција.
Боите на државата ќе ги брани Daniel Jankov
член на планинарскиот клуб (У21) кој ќе настапи во дисциплините Вертикален Километар (ВК) и Скајкласик.
Селекцијата е направена согласно резулататите на Данил на трките во Македонија во последните месеци пред се (Чупино ВК).
Настапот на ова првенство преставува значаен чекор во развојот на младинскиот скајранинг во Македонија и можност за стекнување искуство во силна меѓународна конкуренција.
Му посакуваме успешен настап и достојно претставување на Македонија 🇲🇰
12/04/2026
Одличен настап и фантастично издание од Elena Karanfiloska на трка од светската скајранинг серија
4то место во силна елитна конкуренција 🔥 🏃⛰️
Честитки за Елена
15/02/2026
Детали за Скајранинг Лига 2026 ⛰️🏃♂️🇲🇰
Целокупниот систем на бодување и сите дополнителни детали ќе бидат објавени на официјалната страна на ФПСМ, а истите ќе бидат испратени и по електронска пошта до сите членови и клубови на Федерацијата.
Сезоната е пред вас – тренирајте, промовирајте ја Лигата и сакајте ги планините.
Заедно да го развиваме скајранингот! ⛰️🏃♀️
Комисија за Скајранинг МКД 🇲🇰
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
Ljuboten Skyrace
Chupino.trail
Titov Vrv SkyRace
Ohrid Ultra-Trail
ПК "Еверестинг Ростуше"
Peshtani extreme vertical
19/01/2026
Комплетните критериуми и услови за репрезентативен повик за сезоната 2026та ќе бидат објавени на веб страната на
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
Со почит СкајранингМкд 🇲🇰
12/01/2026
НАЈАВА ‼️
Скајранинг сезона 2026..
Од долините до врвовите 🏔️🏃
Во следниот период ќе се објавата комплетните правила за лигата, бодување како и кретериуми за национален тим 2026та
🟢 Добродојде во лигата за
Важно ❗
Официјалното затворање на оваа сезона 2025та ќе се случи во Јануари 2026та
Детали наскоро...
Тренирајте и очекувајте интересни новости.
СкајранингМКД.🇲🇰
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
Less cloud. More sky ⛰️🏃
Ohrid Ultra-Trail
Titov Vrv SkyRace
Ljuboten Skyrace
Chupino.trail
Peshtani extreme vertical
05/12/2025
Благодарност до Ирена и АлфаТв
Краток прилог за настапот на националниот тим на ветеранското светско скајранинг првенство и првиот медал за Македонија 🏃⛰️
Federacija na Planinarski Sportovi na Makedonija
Скај ранинг – спорт кој комбинира трчање и планинарење на високопланински терени
АлфаТвУтринска
10/11/2025
Да зборуваме за спорт и да зборуваме за успех на спортисти од Македонија.
И НЕ само за успеси дома, регионално, балканско итн. туку успеси на Европско и Светско ниво. Да, резултати и успеси постигнати на ниво на најдобрите во спортот.
Елена Каранфилоска посебно оваа година ни покажа што значи да си спортист на врвно ниво и што значи да бидеш елита односно да бидеш во друштво на најдобрите и најсилните.
Да бидеме горди што ја имаме Елена да и ја дадеме целата поддршка и целото внимание што треба да го има затоа што го заслужува со дела и со резултати.
Да и помогнеме да успее следната сезона да "оди" уште "посилно" и да биде дел од подиумите во друштво на најдобрите.
Затоа што Елена Каранфилоска трча на високите планини за неа но трча и за сите нас и за нашите планини и нашата држава.
Амбасадор на државата кој има што да понуди и има што од неа Европа и Светот да видат и слушнат.
Сезоната 2025 за Елена на кратко изгледа вака:
>Најмасовното и најелитното светско натпреварување
Skyrunner World Series 2025
Вкупно 6 трки заедно со финалето Скајмастер
Резултати
Tatra SkyMarathon - 3т 🥉
Grigne Skymarathon Trofeo Davide Invernizzi 5то
EDP Sobrescobio Redes Trail - 7мо
Monte Zerbion Skyrace - 8мо
Saint-Jeoire Trail Festival - 11та
Marató dels Dements - Skymasters Final - 6та
Се вкупно 9 то место во елитната скајранинг светска серија!🔥
>Европско првенство skysnow Тарвизио/Италија
6то место
>Европско првенство Скајранинг Априка/Италија
9то место
>Апсолутна доминација на трките од домашната Скајранинг лига со рекорди на патеките
ТитовВрв скајрејс државно првенство 2ч:51 🏆
Љуботен скајрејс 2ч:34 🏆
Чупино вертикал 50м:20 🏆
Летница треил 2ч13 🏆
.
И доволно е..иако има уште
"капа доле" за овие резултати на Елена која го издигна скајранингот во нашата држава неколку скалила нагоре. 🇲🇰
Elena Karanfiloska
СкајранингМКД ⛰️
07/10/2025
World masters skyrunning championship 2025
Македонската скајранинг репрезентација за прв пат настапи на светско ветеранско првенство (категории над 40 години) кое овој пат се одржа на Стара Планина во Карлово, Бугарија.
Настапивме во две дисциплини со четири натпреварувачи освојувајќи вкупно 502 бодови и екипен пласман на 10–то место од 23 рангирани селекции.
За жал од оправдани причини Жикица Ивановски кој требаше да настапи во Ултра дисциплината не беше во можност да биде дел од националниот тим.
ВК > 3,6 км, 840D+
СКАЈ > 27 км, 2030D+
Индивидуално нашите скајранери ги постигнаа следните резултати во своите возрасни категории:
Марија Пеликон ( Ж 40–44)
ВК: 50м 06с (9 место)
СКАЈ: 4ч 46м (10 место)
Валентина Узунова (Ж 55+)
ВК: 1ч 04м 07с (7 место)
СКАЈ: 6ч 16м (6 место)
Мартин Дамески
(М 40–44)
ВК: 41м 41с (11 место)
СКАЈ: 3ч 30м (🥉место)
Александар Кирковски .a
(М 40–44)
ВК: 42м 24с (12 место)
СКАЈ: 3ч 48м (13 место)
Официјален претставник на репрезентацијата на првенството беше претседателот на КСР Душко Петрушевски. .dulee
За Македонија 🇲🇰 ова е вкупно јубилеен 10–ти репрезентативен настап на голем собир (после 7 сениорски и 2 младински првенства) и ни претставува особена гордост и чест што за прв пат освоивме медал со остварениот подиум на Мартин во дисциплината СКАЈ (М 40–44 години).
Честитки за Мартин и воопшто за првиот медал на наш репрезентативец во настапите за националниот дрес на светски/европски првенства.
Одлично заокружување на уште една етапа од македонската скајранинг приказна и поттик за понатамошниот развој на овој спорт. ⛰️🏃