27/07/2026
Колку добро ја познавате македонската спортска историја? 🇲🇰🏅
Дали знаете колку медали има освоено Македонија како независна држава? Кој спорт ни донел најмногу медали на Медитеранските игри? И кој е најмладиот македонски спортист што се искачил на медитеранскиот победнички пиедестал?
Пролистајте го каруселот и откријте неколку интересни факти од нашата спортска историја. 👉
#МОК
26/07/2026
📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА ТРЕНЕРИ (ICC) - ЕСЕН 2026
Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Унгарскиот универзитет за спортски науки (HUSS), Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Олимписка солидарност, објавува јавен повик за пријавување кандидати за учество на престижниот International Coaching Course (ICC) во Будимпешта.
🏅 Програмата трае 8 недели (7 октомври - 26 ноември 2026) и е наменета за тренери од следните спортови:
• Кошарка
• Фудбал
• Општа физичка подготовка
• Ракомет
• Тенис
• Кревање тегови
• Џудо
🎓 МОК ќе номинира еден машки и еден женски тренер за целосна стипендија од Олимписка солидарност, која ги покрива трошоците за учество, сместување и едукација.
📅 Краен рок за аплицирање: 27 јули 2026. Апликациите се доставуваат на [email protected].
📄 Повеќе информации за условите и потребната документација можете да најдете во јавниот повик на mok.org.mk See less
📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ КУРС ЗА ТРЕНЕРИ (ICC) - ЕСЕН 2026
Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Унгарскиот универзитет за спортски науки (HUSS), Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) и Олимписка солидарност, објавува јавен повик за пријавување кандидати за учество на престижниот International Coaching Course (ICC) во Будимпешта.
🏅 Програмата трае 8 недели (7 октомври - 26 ноември 2026) и е наменета за тренери од следните спортови:
• Кошарка
• Фудбал
• Општа физичка подготовка
• Ракомет
• Тенис
• Кревање тегови
• Џудо
🎓 МОК ќе номинира еден машки и еден женски тренер за целосна стипендија од Олимписка солидарност, која ги покрива трошоците за учество, сместување и едукација.
📅 Краен рок за аплицирање: 27 јули 2026. Апликациите се доставуваат на [email protected].
📄 Повеќе информации за условите и потребната документација можете да најдете во јавниот повик на mok.org.mk
21/07/2026
🏀ЗАЕДНО ГРАДИМЕ НОВА ПРИКАЗНА!
КК Маџари со гордост најавува дека во следните три сезони својот дом ќе го има во спортската сала „Јане Сандански“, како и воспоставување стратешко партнерство со Македонскиот олимписки комитет (МОК).
Со исполнување на високите организациски и спортски стандарди потребни за настап на регионално ниво, клубот продолжува со подготовките за новите предизвици, вклучувајќи го и настапот во АБА 2 лигата.
Ова е значаен чекор напред за КК Маџари и потврда за нашата посветеност кон професионалност, стабилност и создавање нови успеси.
Со заедничка визија и поддршка, продолжуваме да ја градиме иднината на КК Маџари!👊🏀
18/07/2026
ИН МЕМОРИАМ: Македонски Олимписки Комитет се простува од великанот Трајан Јовковски
Со длабока тага и неизмерна почит, Македонскиот Олимписки Комитет и целокупното спортско семејство се простуваат од една од најмаркантните фигури во нашата спортска историја – легендарниот кајакар на диви води, Трајан Јовковски.
Заминувањето на нашиот истакнат спортист, спортски работник и горд член на елитниот „Клуб на великаните“ при МОК (од 2000 година), остава ненадоместлива празнина во македонскиот спорт.
Трајан Јовковски не беше само спортист; тој беше синоним за храброст, непокорност и спортска извонредност. Преку својата блескава кариера како повеќекратен шампион на Македонија и на Југославија, како долгогодишен капитен на репрезентацијата и врвен тренер, тој го трасираше патот на кајакарскиот спорт во нашата земја. Неговите историски достигнувања на светските првенства, кога се вброи меѓу најдобрите во светот, засекогаш ќе останат врежани во златните страници на нашата нација.
Во овие мигови на тага, Македонскиот Олимписки Комитет изразува најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Јовковски, до неговите пријатели, соработници и до целата кајакарска заедница. Ние изгубивме спортски херој, но добивме вечна инспирација за сите идни генерации македонски спортисти.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на градските гробишта во Бутел периодот од 09:30 до 10:30 часот, каде што пријателите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит на великанот.
Нека му е светол патот и вечна слава!
15/07/2026
⏳ Само уште 2 години до моментот кога светот повторно ќе се собере под олимпиското знаме. 🌎🏅
Патот до Лос Анџелес 2028 е започнат - со сон, посветеност и верба во успехот.
🇲🇰
14/07/2026
🌍 Родовата еднаквост во спортот започнува со знаење, соработка и конкретни активности.
🏅 Со поддршка од Меѓународниот олимписки комитет, Елена Зисовска Апостолска учествуваше на IWG Global Summit on Women & Sport 2026, најголемиот светски самит посветен на родовата еднаквост во спортот, кој се одржа од 9 до 11 јули во Бирмингем, Обединетото Кралство.
Самитот обедини повеќе од 1.200 делегати од 80 земји, создавајќи простор за размена на знаења, искуства и добри практики за поинклузивен спорт.
Учеството на Елена е дел од шестмесечната стипендиска програма на Олимписка солидарност, која ќе резултира со подготовка на акциски план за унапредување на родовата еднаквост во спортот и понатамошен развој на активностите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
За време на самитот, таа оствари средба со претседателката на ИОК, Кирсти Ковентри, како и со претставници на бројни национални олимписки комитети и спортски организации од целиот свет.
💙 Стекнатите знаења, искуства и новите партнерства ќе придонесат кон создавање поинклузивен и поеднаков спорт за сите.
13/07/2026