CrossFit Skopje

CrossFit Skopje

Share

CrossFit Skopje e единствен Официјален CrossFit клуб во Македониј?

CrossFit Skopje e 1-рв CrossFit клуб во Македонија, а 2-ор на Балканот. Ние им помагаме на сите луѓе, од сите возрасти, профили и физички капацитет, да го постигнат саканото ниво на физичка подготвеност. Ако тренирате како сите останати и Вие ќе бидете како сите останати...Вежбајте Вистински Фитнес за Вистински Резултати.

Photos from CrossFit Skopje's post 12/06/2025

Нови дизајни за маици!!!
Нарачки во dm или кај еден од нашите тренери во сала.

Photos from CrossFit Skopje's post 29/01/2025

Викенд за ментално и физичко здравје во КФСК🏋️
На 24 и 25 јануари 2025, бевме домаќини на интернационални гости од Полска🇵🇱, Литванија🇱🇹, Турција🇹🇷 и Франција🇫🇷.
Заеднички организиравме завршен состанок од проектот „Мали Навики“, и интернационална конференција за навиките кои влијаат на нашето ментално и физичко здравје.
Благодариме на сите 40ина гости на конференцијата, кои со вашиот ентузијазам и ведрина придонесовте за поголемо уживање и дружење. Голема благодарност и до гостите говорници (Жарко, Ивица, Ели, Драгана, Мехмет, Велимир, Филип, Илкнур, Каролис, Ана, Шимон и Јован), за кои учесниците изјавија дека слушнаа многу совети и приказни кои им биле од интерес. 🙏
Како и до организациите кои придонесоа за овој несекојдневен викенд.
Настаните беа кофинансирани од Еразмус+ програмата, и со нашето учество во неа, сакаме да дадеме поширока вредност, дружење и исксутво на сите наши тренери, клиенти и поддржувачи.

14/01/2025

Интернационална конференција
„Мали навики за поздрав физички и ментален живот“

Датум: 25.01.2025
Времетраење: 10:30 - 15:00 часот

Спортскиот клуб „Кросфит Скопје“ ве кани не настан каде се промовира негувањето на правилните мали навики и активности кои водат до подобрено ментално и физичко здравје.

Што ќе добиете од конференцијата:
7 навики за подобрување на ментланото и физичко здравје,
Сет со алатки и вежби кои може да ги користите секојдневно,
Знаење и свесност за навиките кои не чуваат здрави,
Дружење и вмрежување со истомисленици и потенцијални соработници,
Сертификат за учество,
Коктел и освежителни пијалоци,

За сите заинтересирани за подобро здравје

Каде ќе се одржува: Во салата на КросФит Скопје. Ул. Сава Ковачевич 69, Кисела Вода, до Гет Кафе.

Официјален јазик на конференцијата е Англиски

Како да учествувате? Пополнете ја електронската пријава до 21ви јануари 2025

За сите информации и коментари Жарко Батиќ - 078 804 353 [email protected]

Photos from CrossFit Skopje's post 02/10/2024

Тимот на Кросфит Скопје, заедно со своите членови, на 23ти септември 2024 година, во Градски парк Скопје, одржаа настан за здрави животни и спортски навики. 💪
На спортскиот настан вежбаа и се дружеа со нас околу 40ина луѓе. Овој настан е организиран во рамки на Европската недела на спортот 2024 насловена како .🇪🇺

На настанот беше одбележан и почетокот на 30 дневниот предизвик за употреба на здрави животни навики кои е креиран во рамки на проектот „Мали навики за здрав живот“.

Целта е да се ангажираат што повеќе луѓе кои ќе искусат или ќе ги адаптираат своите житовни навики со мали обврски во текот на денот (спорт, исхрана, ментално, физичко здравје, природа ...), кои што веруваме ќе прераснат во столбови на здраво живење и благостотјба кај учесниците.

Photos from CrossFit Skopje's post 22/09/2024

Мали навики за поздрав начин на живот.🤸

Горди сме што сме дел од проектот Tiny Habits, кофинансиран од EACEA во рамките на програмата Еразмус +. 🇪🇺
Оваа иницијатива е за промовирање на мали, одржливи навики кои водат до големи промени во физичката активност и целокупната благосостојба.💪

Следете го нашиот пат и проверете ја инстаграм страницата на проектот за вредни сознанија.

Photos from CrossFit Skopje's post 12/06/2024

Нешто ново кај нас…

Од сега и официјално, првиот Кросфит центар во Македонија со лиценцирана програма за деца 🤘🏻

Програмата е наменета за деца од 5 до 15 години (поделени во старосни групи)

Со оваа програма се стимулира подобар раст и развој на децата со вежби адаптирани во игра, развивање на спортски дух и стекнување дисциплина, бидејќи спортската дисциплина се отсликува во сите сфери на животот 🫡

Start them young 💪🏻

Првиот Crossfit Kids Open Day се случува оваа сабота во 12:00.

Поради системот на вежбање, местата се ограничени, затоа пишете ни или јавете се на 078804353 и 070297785

Photos from CrossFit Skopje's post 30/04/2024

Среќни празници луѓе 🎉🎉🎉

Ова е распоредот за претстојните празници 😉

Проверете доколку сакате да доаѓате, за да не баците врата 💪🏻

P.S. Полека со јадењето и алкохолот за празниците 🙏🏻

04/04/2024

Се чувствувате дека цел живот ви е наопаку?

Затоа ја создадовме новата програма 💪🏼

Програма која има за цел да ве врати во колосек, да ги поттикнеме здравите навики и да го разбудиме заспаното тело ⚡️

Пријавување на тел +38978209661 или во дм

Се гледаме во сала

19/03/2024

New programs at our pit… soon more info 💪🏼

Photos from CrossFit Skopje's post 08/11/2023

Нова сезона и време е за нови дизајни 🙌🏽💪🏽

Овојпат ќе правиме дуксери. Било кој дизајн го бирате и го ставаме на бела или црна боја дукс и спремни сте за ладното што доаѓа 👍🏽

Преднарачки до понеделник 13.11.2023 кај .zarko во сала 🎉

И овојпат дизајнот е на

05/09/2023

Еден ден подоцна… пофалбите не стивнуваат од вчерашната епизода на 👏🏽👏🏽👏🏽

Екипата од 4 pm си ја знае , а нас ни е драго и вие што ја запознавте 🙌🏽

Photos from CrossFit Skopje's post 30/05/2023

Во нашиот спорт, Murph е можеби една од најтешките вежби во годината. Вежба која бара издржливост и физичка и психичка снага 💪🏽

Еднаш годишно, сите кросфитери во светот го докажуваат својот фитнес, токму со оваа hero вежба на денот

Честитки за сите наши членови кои денеска дојдоа и ја направија 💪🏽

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Ulica Sava Kovacevic Br. 69
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 12:00
17:00 - 22:00
Tuesday 10:00 - 12:00
17:00 - 22:00
Thursday 10:00 - 12:00
17:00 - 22:00
Friday 10:00 - 12:00
17:00 - 22:00