16/03/2025
Кајак Кану Клубот ИЛИНДЕН 90 Изразува длабоко жалење поради трагедијата која го погоди Кочани.
Упатуваме длабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со нив и сите погодени од оваа страшна несреќа.
Посакуваме брзо оздравување на повредените.
25/12/2024
📢 ККК „Гусар“ 🇷🇸 успешно го започна спроведувањето на Еразмус + 🇪🇺 проектот во областа на спортот „Кајак слалом – мобилност за знаење и вештини“! 📢
Проектот „Kayak slalom - mobility for knowledge and skills/KayaKnowS, 2024-1-RS01-KA182-SPO-00020489“ е во фаза на реализација на ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА, која успешно се одржа во ККК „Илинден ’90“ 🇲🇰. ✅
🗓️ Во текот на трите дена (20-22.12.2024), делегацијата на ККК „Гусар“ 🇷🇸, во состав:
• Александар Миладиновиќ, претседател
• Проф. д-р Марко Александровиќ, проект менаџер
имаше одлична соработка со домаќините од ККК „Илинден ’90“ 🇲🇰. Обиколени беа: кајак патеката, складишниот простор, пресоблекувалните простории и фитнес салата, како и легендарната Матка кајак патека на реката Треска. 🏆
Се потпиша договор за понатамошна реализација на проектот. ✍️
01/10/2023
📌ККК ИЛИНДЕН 90СКОПЈЕ
учествуваше на третото коло на куп на Србија во Кајак слалом.
Во кадетска конкуренција прво место зазема Андреј Арсовски, Второ Место Матеј Всилев а трето место Андрич Димитрије.
Во пионерска конкуренција првото место го зазема Андреј Димитрoвски , второто место припадна на Алекдандрович ккк.Гусар -Ниш, а третото место на Матија Студеницс -Ушче.
Во категорија помлади пионери првото место го зазема Базич Вања, Второ место Давид Ефтимов ккк Илинден 90-Скопје и трето место Стефан Христов!
Во категоријата 3х К1 пионери -Ефтимов, Христов и Димитровски го освоија првото место! 🥇
Честитки за сите учесници!