31/07/2026
Ако тренинзите во теретана ти станале еднолични, не знаеш кои вежби да ги правиш или, уште поважно, не си сигурен дали ги изведуваш правилно, функционалниот тренинг може да биде промената што ја бараш. 💪⚡
Тука не вежбаш сам и не размислуваш што следно треба да правиш. Тренерот го осмислува тренингот, те води низ секоја вежба и ја коригира твојата техника, а групата и позитивната атмосфера ти даваат дополнителна мотивација.
1️⃣ Повеќе разновидност – Секој тренинг носи нов предизвик и различна комбинација на вежби.
2️⃣ Водено од тренер – Добиваш јасни насоки, правилна техника и тренинг приспособен на твоите можности.
3️⃣ Тренираш со цел – Го подготвуваш телото да се движи и да функционира подобро во секојдневниот живот.
4️⃣ Кардио и сила во еден тренинг – Ефикасна комбинација за активирање на целото тело.
5️⃣ Заедница и мотивација – Не си сам. Тренерот, групата и позитивната атмосфера те мотивираат да продолжиш и во деновите кога ти недостига волја.
👉 Подготвен си да пробаш нешто поинакво? Закажи го твојот прв тренинг преку линкот во био! 🎯