Dime Flejta Ski Club

Dime Flejta Ski Club A team of ski pros bringing you the new chapter of the legendary Dime Flejta Ski Club.

Сакаме да одвоиме момент и да им честитаме на нашите Бобан и Марија Стојановски за еден навистина посебен семеен подвиг ...
25/09/2026

Сакаме да одвоиме момент и да им честитаме на нашите Бобан и Марија Стојановски за еден навистина посебен семеен подвиг што летово се случи на Алпите.

Пред еден месец, Бобан успешнo го заврши UTMB Ultra-Trail du Mont-Blanc, најпознатата и една од најпредизвикувачките ултра-треил трки во светот, која во должина од над 170 километри ги води натпреварувачите низ планините околу врвот Монблан.

Навивавме. А, по сите тие километри, нас најмногу ни останаа во срце последните стотина метри, кои Бобан ги помина заедно со своите деца до целта.

Бобан и Марија, честитки за успехот и за убавата приказна што ја создадовте како семејство. А, на нашите млади членови им посакуваме уште многу вакви моменти во кои планината, спортот и семејството ќе одат заедно. 🏔️❤️

24/09/2026
🇲🇰 А НАШИОТ ЛУКА, ПРВ НА СТАЗИТЕ 🥇 За денот да биде уште помил, СК Диме Флејта имаше посебна прилика да се радува. Лука ...
20/09/2026

🇲🇰 А НАШИОТ ЛУКА, ПРВ НА СТАЗИТЕ 🥇

За денот да биде уште помил, СК Диме Флејта имаше посебна прилика да се радува. Лука Бојкоски ја заврши сезоната 2025/2026 на првото место во генералниот пласман во категоријата Снегулки, под 8 години. 🥇место, кое го подели со Куртали Даути од ски клуб Дита.

Но, спортот е патешествие, а наградите ја носат таа посебна димензија само кога си опкружен меѓу најблиските, другарите и семејството. Па затоа, голема благодарност на Дафина, Коста, Дамјан, Марко, Лука, Видан, Владимир и Евгениј, нивните родители и на сите други кои беа присутни денес. Искрени честитки на сите деца кои се пласираа во останатите категории.

Според воведните зборови на настанот, кога се говореше за Олимписките игри, така и ние ќе завршиме со зборовите: Може и некој од вас ќе нѐ застапува на светските скијачки натпревари и ќе го развее знамето на Македонија на олимпијадите во иднина.

🇲🇰 ДЕН ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 🇲🇰Денеска во Скопје се одржа свеченото прогласување на најуспешните натпреварувачи во...
20/09/2026

🇲🇰 ДЕН ЗА НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА 🇲🇰

Денеска во Скопје се одржа свеченото прогласување на најуспешните натпреварувачи во снежните спортови за сезоната 2025/2026, во организација на Скијачката федерација на Македонија. Настанот беше посветен на нивните постигнувања, посветеност и спортски успеси во текот на скијачката сезона.

Имавме прилика да им честитаме и на дел од нашите олимпијци кои ја претставуваа Македонија на Зимските олимписки игри во Италија, Милано-Кортина 2026.

Денот помина убаво, во дружење и смеа, а особено нè израдуваа насмеаните лица на младите скијачи и нивните семејства.

🏔️ ВИКЕНД НА ЉУБОТЕН, СЕ ВРАЌАМЕ НА ПЛАНИНА!Последниот викенд од Септември ве покануваме на дводневна планинска авантура...
11/09/2026

🏔️ ВИКЕНД НА ЉУБОТЕН, СЕ ВРАЌАМЕ НА ПЛАНИНА!

Последниот викенд од Септември ве покануваме на дводневна планинска авантура во Планинарскиот дом Љуботен, за време поминато во природа, дружење, движење и создавање убави спомени.

🗓️ 26–27 септември 2026
👨‍👩‍👧‍👦 За деца и родители
🥾 Планинарење и активности во природа
🏡 Ноќевање во планинарски дом
🌿 Учење и запознавање со планината
⛷️ Подготовки за скијачката сезона
☀️ Викенд исполнет со движење, свеж воздух и забава.

За повеќе информации, јавете се на:
📞 Сања 071 209 649. Местата се ограничени.

Мали чекори, здрави навики.
Чист воздух. Природа. Среќни деца. ❤️

08/09/2026

Честит Ден на независноста! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

#СкијачкаФедерацијаНаМакедонија

Loading… ⛷️🎿⛷️ 2026/2027Пред да започне новата сезона, да се потсетиме на она што го поминавме заедно: 👉 www.dimeflejta....
03/09/2026

Loading… ⛷️🎿⛷️ 2026/2027
Пред да започне новата сезона, да се потсетиме на она што го поминавме заедно: 👉 www.dimeflejta.org.mk

01/09/2026

Втората регата од државната сениорска лига во едрење во класата „Фар Ист 23Р“ се одржа изминатиот викенд на Охридското езеро, со проширен состав и со натпреварувач...

Ееееј 🙌 И овој викенд Охрид нè врати дома со одлични доживувања. Втората регата од националната лига Far East 23R е зад ...
30/08/2026

Ееееј 🙌 И овој викенд Охрид нè врати дома со одлични доживувања. Втората регата од националната лига Far East 23R е зад нас, а за нас е најпосебна. За првпат, ние тимот на ски инструктори на ски клубот Диме Флејта, излеговме на вода сами на брод, со сопствен тим и сопствен скипер: Нов Ветер 3 кој го сочинуваа Ангела Зафироска, Перица Шишковски, Александар Маркоски, Денис Радески 𝕊𝕙𝕒𝕣𝕒 𝕊𝕨𝕚𝕞, Владимир Петровски и Љубомир Петровски.

Форматот овојпат беше различен. Бидејќи бевме 6 тима на регатата, нѐ поделија во две групи, со по три трки во секоја група, со ротација на бродовите, така што секоја екипа помина низ секоја едрилица.

Во првата трка на нашата група како самостоен тим, ја земавме победата со 12:46:39. Втората ја завршивме трети, а третата не ја завршивме поради недостаток на ветер. И така изгледа првиот чекор, учиме на глас и не ни е страв да погрешиме.

Честитки до тимот на Match Race Sailing Club за победата во финалето, до останатите два тима на ЕК Нов Ветер за освоените второ и поделено трето место, како и тимот на Aquatica Yachting, Ohrid и тимот на ОЛС, вклучувајќи ги организаторите, нашиот матичен клуб Nov Veter | New Wind, Macedonian Sailing Federation 🇲🇰 и домаќинот CAMPERSTOP DIVONO.

Продолжуваме да ги унапредуваме нашите вештини на вода и со нетрпение чекаме да ја споделиме убавината зад овој спорт на сите вас. Скијачки и едриличарски поздрав ⛷️⛵️⚓️

03/08/2026

Address

Ski Center Popova Shapka
Tetovo
1200

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 08:00 - 16:00
Sunday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dime Flejta Ski Club posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category