O.K. Borec Veles

O.K. Borec Veles

Share

Официјална Facebook страна на ГОК Борец - Велес. Придружете се и поканете ги вашите пријатели.

Официјална Facebook страна на ОК Борец - Велес. Придружете се и поканете ги вашите пријатели.

04/05/2026

Нашата пионерска екипа го освои третото место оваа сезона! 🥉

Со многу труд, борба и тимска игра стигнавме до овој успех. Честитки до сите, како и благодарност до сите што не поддржуваа!

Одиме понатаму уште посилно! 💪

Photos from O.K. Borec Veles's post 29/04/2026

Денеска бевме на прием кај градоначалникот, каде што добивме признание за нашиот труд, посветеност и постигнатите резултати. 🏆

Чест ни беше што имавме можност да го претставиме градот и да добиеме поддршка за понатамошните предизвици. Овој прием е дополнителна мотивација да продолжиме уште посилно и со уште поголема желба за успех.

Благодарност за укажаната чест! 💪

29/04/2026

ГОК "Борец" го освои среброто во Македонија!

Денес во мојот кабинет ги пречекав одбојкарите на ГОК "Борец" кои оваа играчка сезона покажаа стабилна, посветена и професионална игра, со што станаа двојни носители на среброто, во Купот на Македонија и во првата одбојкарска лига. Овој успех е за радост на велешани и мотив на одбојкарите и нивните тренери за понатамошни залагања и успеси.

Општина Велес и понатаму ќе остане посветена и ќе дава поддршка на спортот и спортските клубови кои се гордост на нашиот град!

25/04/2026

ТРЕНИНГ ДЕНЕС 14 часот во сала БЛАЖЕ КОНЕСКИ

20/04/2026

ВТОРА ФИНАЛНА УТАКМИЦА – НА ДОМАШЕН ТЕРЕН! 🏐🔥
Време е за нова борба и нов чекор кон целта. Пред нашата публика излегуваме со уште поголема желба и мотивација.

Ве повикуваме сите да дојдете и да ни дадете силна поддршка – заедно да ја претвориме салата во вистинска тврдина! ❤️🤍

Одиме храбро, поен по поен, до победа!
Само заедно можеме до триумф! 💪

#СамоБорец

18/04/2026

По поразот од 3:0 во првиот финален натпревар, нашата екипа е подготвена за нов предизвик! 💪
Сега фокусот е на следниот дуел на домашен терен, каде со поддршката од трибините ќе дадеме сè од себе за израмнување во серијата. 🔥

Време е да покажеме карактер, борба и срце!
Ве очекуваме во сала – заедно да одиме по победата! 🏐❤️
Ајде БОРЕЦ Ајде Велес❤️🤍

15/04/2026

Победа за крај на сезоната! 💪🏐
Во нашата прва сезона, Борец покажа срце, борба и карактер, успевајќи да ја заокружи приказната со триумф и освоено 4-то место.

Горди сме на целиот тим за трудот и напредокот низ целата година. Ова е само почеток за Борец и мотив плус за уште поголеми успеси во иднина. 🔥

Благодарност до навивачите за поддршката во текот на целата сезона – бевте нашиот седми играч! ❤️🤍

15/04/2026

Финале! 🏐🔥
Утре нè очекува првата финална пресметка и тоа во гости. Максимално мотивирани и подготвени влегуваме во борба за секоја топка.
Веруваме во тимот, во борбеноста и во заедништвото!

Одиме чекор по чекор – почнуваме силно! 💪❤️🤍

14/04/2026

Последен натпревар од сезоната! 🔥🏐
Време е за уште една борба, уште еднаш да го дадеме максимумот и да ја заокружиме сезоната на најдобар можен начин.

Ви благодариме за поддршката во текот на целата година – беше чест да играме пред вас! ❤️🤍
Да ја завршиме сезоната со кренати глави и силна енергија!
Дојдете да не поддржите за крај! 💪

12/04/2026

Честит Велигден! 🕊️
Нека празникот на воскресението донесе мир, здравје и радост во вашите домови.
Да ни бидат срцата исполнети со љубов, надеж и нова сила.
Христос воскресе! ✨🥚

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Veles?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Veles