RK Golden Art

RK Golden Art

Share

Нашата мисија е создавање услови за развој на млади македонски ракометари.
#РК_ГолденАрт 🇲🇰

Photos from RK Golden Art's post 30/05/2024

КАПИТЕНОТ ДАЕВ ГО ОДИГРА СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН РАКОМЕТЕН „ТАНЦ“ !!! ⚪️⚫️
Поради здравствени причини нашиот капитен, пивотот Давид Даев го остава ракометот и професионалното спортување. Даев денеска со симболична минутажа го одигра својот последен натпревар. На крај на ум дека на неполни 23 години мора да се откаже од спортот што му беше живот, ракометот на кој му се посвети до бескрај. Лекарската одлука е посилна од желбата за ракомет,а здравјето е примат за се.
По деталните лекарски прегледи Давид е надвор од тренажниот процес околу еден месец, но до последниот тренинг присутен во сала со својот тим, како вистински капитен. Даев својата ракометна приказна ја започна во 2014 година на свои 13 лета, во младинските школи на РК Металург, со прв тренер Никола Матлиески. По една година, следен клуб на Даев е РК Тинекс Пролет, а тренер му е некогашниот репрезентативец Игор Котевски кој за Даев останува најголемиот ракометен учител и токму поради него тој 10 години на дресот го носеше бројот 9. Од 2019 до денеска Даев е дел од “РК_ГолденАрт , а во 2021 беше принуден да замине во РК Шампион каде играше една полусезона. Сашо Сотировски, Владимир Глигоров, Филип Глигоров, Стојан Петрушевски се тренерите кои ги имаше Даев во својата ракометна деценија. Како играч на Голден Арт во 2023 Даев ја носи капитенската лента, на теренот го остава срцето, а за своите соиграчи како капитен тоа ги прави и надвор од сала. Борец, силен и издржлив дефанзивец, кој беше столбот на одбраната на суперлигашот Голден Арт со максимална минутажа на терен. За Даев има постигнато вкупно 226 гола.
Давид Даев останува пример за дисциплина, пожртвуваност и лојалност, играч, голем пријател и човек, Капитен со 2 срца. Ти благодариме капитену за се, чувај се, ти посакуваме многу здравје и те чекаме да не бодриш од трибините... 9️⃣…

Photos from RK Golden Art's post 30/05/2024

ПОБЕДА НА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ОВАА СЕЗОНА!!!⚪️⚫️
Во последното 14 коло од суперлигашкиот плеј-аут, убедливо славеше над екипата на РК Скопје со 35-26 (21-12). Нашите момци одлично го започнаа натпреварот со серија од 5-0 и само го одржуваа водството до крајот на сите 60 миниути. Ова беше последен натпревар за нашата екипа оваа сезона.

Најпрецизен денеска беше Мице Шилегов со 11 погодоци. Состав на денешниот натпревар: Петар Виларов, Марко Трајковски 2, Џулијано Христоски 3, Тоше Ончев 4, Андреј Глигоров 1, Давид Даев 1, Кристијан Стаменковиќ 3, Славе Јанковски 3, Златко Даскалоски, Владимир Наумоски 2, Петар Стојаноски 1, Марио Миланов, Христијан Милошески 1, Есад Дрпљанин 2 и Глигор Гајиќ 2.

29/05/2024

📣📣📣 #РЕХАУ Ви гo најавува следниот натпревар на ⚔️
ГО ИГРААТ ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ЗА ОВАА НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА! ⚪️⚫️
🚩 Во последниот натпревар за натпреварувачката сезона 2023/2024, нашите момци на домашен терен ја пречекуваат екипата на РК Скопје 2020. Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 18:00ч.
📌 С.Ц. „Јане Сандански“ - мала сала
📅 30.05.2024 (четврток)
⏰ 18:00 часот
#100ПроцентиМКД 🇲🇰

Photos from RK Golden Art's post 26/05/2024

Пораз на гостувањето во Битола⚪️⚫️
Во натпреварот од 13 коло од суперлигашкиот плеј-аут, нашите момци беа поразени на гостински терен во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 39-25 (20:15) Иако добро го почнавме натпреварот, техничките грешки и лошата игра си го направија своето па домаќините брзо ја превземаа предноста и ја зачуваа до самиот крај.
Следен и воедно последен натпревар за оваа сезона ние против РК Скопје на домашен терен.
Состав на денешниот натпревар: Петар Виларов, Марко Трајковски 3, Џулијано Хростоски 1, Тоше Ончев 6, Андреј Глигоров, Кристијан Стаменковиќ, Мице Шилегов 6, Славе Јанковски, Дејан Гошевски 1, Златко Даскалоски, Петар Стојаноски, Марио Миланов, Христијан Милошески 5, Есад Дрпљанин 1, Димитар Бардакоски и Глигор Гајиќ 2.

23/05/2024

📣📣📣 #РЕХАУ Ви гo најавува следниот натпревар на ⚔️
НА ГОСТИ ВО БИТОЛА! ⚪️⚫️
🚩 Нашите момци по победата на домашен терен над Вардар Неготино, во следното 13 коло од суперлигашкиот плеј-аут им гостуваат на Битолчани, односно екипата на Еурофарм Пелистер 2. Ова е предпоследен натпревар од сезоната за нашата екипа, а во последното коло повторно сме дома, против РК Скопје.
📌 С.Ц. „Боро Чурлевски“ - Битола
📅 26.05.2024 (недела)
⏰ 19:00 часот
#100ПроцентиМКД 🇲🇰

Photos from RK Golden Art's post 18/05/2024

МЛАДИНЦИТЕ НА УБЕДЛИВИ ПРОТИВ ПРИЛЕП!⚪️⚫️
Во 26 коло од младинската лига, последно за оваа натпреварувачка сезона, нашата младинска екипа на домашен терен убедливо го совлада РК Прилеп со конечни 41:32 (20:17) Самиот почеток почна во знакот на гостите, но нашите момци не дозволија изненадување и со серија на добри напади и одлична одбрана на поливреме заминаа со +3. Вториот дел продолживме со добрата игра за на крајот да славиме со убедливи +9.
Оваа сезона младинците на ја завршуваат со 45 бодови од 24 одиграни натпревари на кои остварија 14 победи, 3 ремија и 7 порази, а тоа сѐ ги позиционира на 5 позиција во младинскиот шампионат на Македонија.
Најпрецизни денеска беше Лука Јовиќ со 7 погодоци, додека Кристијан Стаменковиќ и Борјан Црцаревски стрелаа по 6 пати.
Состав на денешниот натпревар: Марко Ѓорчевски, Давор Крстески 2, Андреј Глигоров 1, Лука Најдовски 3, Виктор Ангелески 4, Лука Коцевски, Владимир Намуоски 4, Петар Стојаноски 4, Марко Трајков, Теодор Ѓуриќ, Горазд Дамчевски 1, Димитар Босилковски и Андреј Ѓорѓески.

18/05/2024

Среќен роденден Петар, ти посакува многу среќа, успеси и здравје. Имај убав ден!! 🎉🎂🎁🎈

15/05/2024

ПОБЕДА НА МЛАДИНЦИТЕ НА ГОСТУВАЊЕТО ВО
СВ.НИКОЛЕ!⚪️⚫️
Младинската екипа на во 26 коло, а воедно и претпоследно за оваа натпреварувачка сезона, на гостински терен ја совладаа екипата на ГРК Овче Поле 1958 со конечни 30-33. Уште во првиот дел нашите момци ја направија разлика и на пауза заминаа со +5 или 12-17. При крајот на вториот дел домаќиние успеаа да се доближат дури и на -1, но тоа не беше доволно за комплетен пресврт. Следен натпревар и последен ние на домашен терен против екипата на РК Прилеп.
Одличен денеска беше нашиот пионер Борјан Црцаревски со 8 постигнати погодоци.
Состав на денешниот натпревар: Марко Ѓорчевски, Стефан Костенчев, Андреј Глигоров 1, Кристијан Стаменковиќ 4, Лука Стојчевски, Лука Најдовски 1, Виктор Ангелески 2, Марко Трајков, Владимир Наумоски 5, Петар Стојаноски 5, Лука Лешникоски 6, Горазд Дамчевски, Теодор Ѓуриќ, Андреј Ѓорѓески и Лука Јовиќ 1.

15/05/2024

Среќен роденден Дејан!
ти посакува многу здравје, среќа и успех!! 🎉🎁🎈

07/05/2024

📣📣📣 #РЕХАУ Ви го најавува следниот натпревар на ⚔️
ГО ПРЕЧЕКУВААТ ВАРДАР НЕГОТИНО!⚪️⚫️
🚩 По 4 натпревари одиграни на гостински терен, нашите момци се враќаат дома и во 12 коло од суперлигашкиот плеј-аут ќе бидат домаќини на екипата на Вардар Неготино.
📌 С.Ц. „Јане Сандански“ - мала сала
📅 09.05.2024 (четврток)
⏰ 17:00 часот
#ГолденАртАеродром #100ПроцентиМКД 🇲🇰

05/05/2024

Христос Воскресна! Честит Велигден!✝️
Ви посакува да го поминете во добро здравје, мир и благосостојба🇲🇰

30/04/2024

Пораз на младинците на домашен терен⚪️⚫️
На натпреварот од 22 коло во младинската лига, нашите момци беа поразени од Мултиесесн со 15:19 (27:39) Иако гостите го контролираа резултатот, имавме можности и се доближиме на два наврати на -2, но лошата игра во нападот и премногу технички грешки си го направија своето. Во оваа конкуренција ни преостснуваат уште два натпревари, на гостински терен во Св.Николе и дома против РК Прилеп.
Состав на денешниот нстпревар: Марко Ѓорчевски, Стефан Костенчев 1, Андреј Глигоров 6, Кристијан Стаменковиќ 7, Димитар Симовски, Лука Стојчевски, Лука Најдовски 1, Виктор Ангелески 1, Борјан Црцаревски 2, Владимир Наумоски 2, Петар Стојаноски 4, Марко Трајков, Теодор Ѓуриќ, Горазд Дамчевски, Лука Лешникоски 2 и Лука Јовиќ 1.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Boulevard ASNOM Br. 1
Skopje
1000