06/06/2026
🏆⚽ Голема благодарност до Loma Sport за континуираната поддршка и доверба што му ја даваат на нашиот клуб и нашите млади фудбалери.
Вашата помош е значаен дел од нашите успеси и мотивација за понатамошен развој. Горди сме што заедно ги славиме резултатите од напорната работа, посветеноста и љубовта кон фудбалот.
Од срце ви благодариме што сте дел од нашето фудбалско семејство и што им овозможувате на децата подобри услови за напредок и нови успеси.
⚽🏆 ФК Водно – шампиони во сребрена лига на Овиедо Куп 2026!
Заедно до нови победи! ❤️🖤💪
05/06/2026
Right now, your competition is training.
04/06/2026
Вечерва со генерација 2015 одигравме пријателски натпревар на терените на ФФМ против екипата на Фк Вардар генерација 2014 во систем 11 на 11.
Ви благодариме за гостопримството и за одличниот натпревар.🙏🏻💪🏻⚽️
04/06/2026
Давид, еден од нашите најголеми потенцијали, на кампот организиран од ФК Чукарички од Србија се најде меѓу четирите деца кои најмногу се истакнаа. Не ни очекувавме ништо помалку – трудот, посветеноста и квалитетот секогаш се препознаваат. Како награда за прикажаното, се очекува Давид да продолжи соработка со Српскиот клуб. Горди сме на тебе, Давид! Само напред и уште повисоко!
01/06/2026
Уште некоја фотка од Бронзените
31/05/2026
Танцуваат фудбалските богови со нас викендов.
Заслужуваше генерација 2016 многу повеќе и ете на крајот го доби тоа. Второ место на Евроспорт Купот
Се враќаме од Куманово со еден прекрасен трофеј, прекрасен Виктор и прекрасни деца фајтери кои во три дена дадоа се од себе! Честитки момци, не направивте горди, чест и привилегија е да се биде ФК Водно.