29/08/2026
🌌 А ШТО АКО НЕМА „ЕДЕН ДЕН“?
ТИ СИ ТУКА.
Плаќаш сметки.
Милион обврски.
Одиш на работа.
Ги завршуваш туѓите потреби.
Се грижиш за сите.
А себе?
❌Себе се оставаш за подоцна.
„Ќе почнам кога ќе имам време.“
„Ќе се сменам кога ќе биде полесно.“
„Ќе одам таму кога ќе престанам да се плашам.“
„Ќе се погрижам за себе кога ќе завршам сè друго.“
❌ Само што животот не функционира така.
💰Сметките ги плаќаш со пари.
🤌🏼Но за деновите што ги губиш, плаќаш со самиот живот.
Денови што нема да ти бидат вратени.
Моменти што нема повторно да се случат.
Години во кои можеше да живееш похрабро, поздраво, послободно.
🆘И она, најстрашното... "Што ќе кажат луѓето"...
✨Никој од овој огромен космос нема да дојде да те натера да станеш.
✔️Да тренираш.Да се грижиш за своето тело.
✔️Да кажеш „НЕ“.
✔️Да заминеш од нешто што те уништува.
✔️Да ризикуваш.
✔️Да почнеш одново.
✔️Да го направиш она од кое се плашиш.
💯Тоа е твоја работа.
Не мора да престанеш да се плашиш.
👉 Само научи да одиш еден чекор ПРЕД стравот.
Затоа што можеби најголемиот ризик во животот не е да пробаш и да не успееш.
Најголемиот ризик е да не пробаш ништо
и еден ден да сфатиш дека си преживеала живот што никогаш вистински не си го живеела.
Грижи се за себе.
Избери го своето здравје.
Ризикувај.
Почни.
Живеј.
🌌 Имаш само еден живот.
Не го оставај за „еден ден“.