RK Astibo

RK Astibo

Share

Официјална фејсбук страна на РК Астибо.

12/07/2026

СООПШТЕНИЕ ОД УПРАВАТА НА РК АСТИБО

Почитувани навивачи, пријатели и партнери на РК Астибо,

Управата на Ракометниот клуб Астибо ја известува јавноста дека во претстојната сезона клубот нема да настапува во Супер женската лига на Македонија, туку ќе продолжи со натпреварување во Првата женска лига.

Оваа одлука е донесена првенствено поради финансиски причини. Учеството во Супер женската лигата бара финансиски средства кои во моментов го надминуваат реалниот буџет на клубот, поради што натамошниот настап на ова ниво моментално не е реално остварлив.

Управата на РК Астибо сака да упати огромна благодарност до Општина Штип, која покрај финансиската поддршка, обезбедува и услови за тренирање, вклучително и сала за тренирање и натпреварување на нашиот тим.
Посебна благодарност упатуваме и до Министерството за спорт на Република Македонија, за обезбедените финансиски средства кои значително придонесуваат за работата и функционирањето на клубот.

РК Астибо располага со млада и квалитетна генерација ракометарки, кои минатата сезона 2025/2026 го освоија второто место во пионерска конкуренција. Настапот во Првата лига претставува одлична можност токму на овие млади пионерки да им се укаже доверба и минути на игра, а составот на тимот во голем дел ќе се потпира на играчки израснати во сопствената школа на клубот.

Со почит,
Управата на РК Астибо

Photos from RK Astibo's post 14/06/2026

🏐💙 Денес одигравме прекрасен пријателски натпревар со младите ракометарки од РК Винда од Битола.

На теренот видовме многу насмевки, борбеност, нови другарства и љубов кон ракометот. Нашите девојчиња од генерација 2012 и помали уште еднаш покажаа дека со труд, тимска игра и позитивен дух можат да напредуваат од ден во ден.

Благодарност до гостите за убавото дружење и спортската атмосфера. Ваквите натпревари се најубав начин децата да учат, да се развиваат и да создаваат незаборавни спомени. 💙🤾‍♀️

23/05/2026

🥈🏆 СРЕБРЕН МЕДАЛ ЗА НАШИТЕ ПИОНЕРКИ!

РК АСТИБО ја заврши сезоната на најубав можен начин! 💪🔥

Денес нашите девојки ја совладаа екипата на РК Спартак и со оваа победа го заслужија 2. место во Пионерската женска лига на Македонија! 🇲🇰

Една сезона полна со пот, солзи, борба и непопустлив тимски дух - и резултатот е тука: сребрен медал што ќе остане запишан во историјата на нашиот клуб. 🥈✨

„Завршивме успешна сезона со заслужено 2. место🥈. Горда сум на целиот тим за трудот, борбата и посветеноста од почеток до крај. Секој тренинг и секој натпревар придонесе за овој резултат – ова е само мотив за уште поголеми успеси следната сезона!“ 💬💪 - изјави тренерот Марија Анчева по натпреварот

Браво девојки! Вие сте иднината на РК АСТИБО! 🤾‍♀️🩵

Photos from RK Astibo's post 21/05/2026

🥈 НА ЧЕКОР ДО СРЕБРО

На едно коло до крајот на сезоната, нашите пионерки веќе го осигураа 2. место во лигата! 👏

Сега останува уште еден натпревар и сакаме да го одиграат пред полна сала.

АСТИБО 🆚 СПАРТАК
📅 Сабота, 12:00
📍 „Тошо Арсов”, Штип

ГЛАСАЊЕТО ПОЧНА: Изберете го ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026 во женската Супер лига - 24 РАКОМЕТ 13/05/2026

📣📣ПОЧИТУВАНИ ФАНОВИ - НА РЕД СТЕ ВИЕ‼️

🤾🏻‍♀️🤾🏻‍♀️ 24Ракомет по четврти пат го организира изборот за најдобрите во женска конкуренција🌟ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026 - А ВО НЕГО ГИ ИМА И НАШИТЕ РАКОМЕТАРКИ 🚀🚀

🚀Марија Анчева- најдобар лев бек
🚀Maúde Xavier - најдобар десен бек
🚀Janeth Rafael - најдобар пивот

🤩На свечена манифестација на крајот на месец мај ќе бидат доделени признанијата за најдобрите седум играчи по позиции, како и за најдобар тренер, најдобар дефанзивец и најдобар млад играч✅

☝️Во секоја од вкупно 10 категории ќе има по три номинирани кандидатки. Кандидатката што ќе добие најмногу гласови од публиката ќе освои 3 бода, второпласиранaта ќе добие 2 бода, а третопласираната 1 бод.

🗣️Затоа гласајте за најдобрите, поддржете ги нашите ракометарки за да бидат дел од изборот на ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026🥳

ГЛАСАЊЕТО ПОЧНА: Изберете го ALL STAR тимот на сезоната 2025/2026 во женската Супер лига - 24 РАКОМЕТ Специјализираниот медиум за ракомет во Македонија, www.24rakomet.mk, и оваа сезона ќе ги избере и прогласи најдобрите ракометарки, тренер, дефанзивец и млада ракометарка в...

10/05/2026

🔥 ПОБЕДА ВО БИТОЛА

💪 РК Астибо забележа убедлива победа од 18:29 против екипата на ЖРК Пелистер 2012 на гостински терен во Битола.

👏 Нашите ракометарки одиграа одличен натпревар, со цврста одбрана и сигурна игра во нападот, заслужено стигнувајќи до нов триумф.

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА) - 24 РАКОМЕТ 07/05/2026

🚀ГЛАСАЈТЕ ЗА НАШИОТ КАПИТЕН🔥

📣Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

🙌Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

✅На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

☝️Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА) - 24 РАКОМЕТ Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига. Читателите ќе имаат можност да ја изберат рако....

03/05/2026

🔥МОЌНА ПОБЕДА ЗА РК АСТИБО🔥

🚀РК Астибо одигра феноменален натпревар и заслужено славеше со убедливи 36:25, по водство уште на полувремето од 21:16💪

📣Од самиот почеток, нашите ракометарки наметнаа силно темпо, со одлична организација во нападот и цврста, дисциплинирана одбрана. Грешките беа сведени на минимум, а противникот беше буквално „затворен“ – принуден на бројни промашувања и без вистинска шанса да се доближи до голот✅

👏 Огромни честитки за нашите храбри девојки – за борбеноста, истрајноста и желбата за победа што ја покажаа на теренот!

🙌 Голема благодарност и до публиката која повторно беше нашиот осми играч, чијашто енергија беше присутна и нападот и во одбраната!

⚽️Анчева Марија1️⃣1️⃣
⚽️Ксавиер Мауде1️⃣0️⃣
⚽️Жанет Вероника6️⃣
⚽️Богоевска Анастасија5️⃣
⚽️Божинова Сара2️⃣
⚽️Накова Ана Марија1️⃣
⚽️Филипова Мила1️⃣
🥅Младеновска Кристина1️⃣5️⃣🧤+2️⃣🥷
🥅Чобанова Хани4️⃣🧤

03/05/2026

🚀🚀РК АСТИБО СО УБЕДЛИВА ПОБЕДА🔥🔥

💪💪Амазонките успешно триумфираа над екипата од Куманово со резултат од 36-25👏👏

01/05/2026

АСТИБО 🆚 КУМАНОВО

📅 3 мај (недела)
🕑 12:00 часот
📍 ООУ “Тошо Арсов”-Штип

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Bulevar JNA Bb
Stip
2000