FC Maradona Shtip

FC Maradona Shtip Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from FC Maradona Shtip, Sports Team, Stip.

Фудбалот ги опушта децата, им ја презема грижата, ги учи на помирливост и истрајност, преку фудбалот децата учат како да веруваат во себе, да бидат тим и да не се откажуваат, Фудбалот не е само игра тој гради карактер, дисциплина и здрави навики ⚽️

⚽️ Фудбал, насмевки и незаборавни моменти од Фелер Куп 2026 🏆Зад нас е уште еден прекрасен фудбалски викенд исполнет со ...
24/08/2026

⚽️ Фудбал, насмевки и незаборавни моменти од Фелер Куп 2026 🏆

Зад нас е уште еден прекрасен фудбалски викенд исполнет со борба и емоции. 📸
Горди сме на нашите деца и нивниот настап, а особено на резултатите кои уште еднаш покажуваат дека со работа, дисциплина, посветеност и љубов кон фудбалот, резултатите доаѓаат 🩵

🏆 7 нови пехари влегуваат во витрините на ФК Марадона!
🥇 Освоено прво место со една генерација 🤌🏻 2014
🏆 Четири одлични трети места
🧤 Награда за најдобра одбрана – статуетка
⚡Награда за најдобар напад, пехар👏

Голема благодарност до домаќинот на турнирот за поканата, прекрасниот пречек, одличната организација и одличните услови за игра. 👏⚽️
Чест ни беше да бидеме дел од овој прекрасен фудбалски настан.

Продолжуваме понатаму – уште посилни, уште помотивирани и со уште поголеми соништа.🔥

🏆Trofej Trajan Kulja-Трофеј Трајан Куља 🏅Преубав викенд во Црнобуки - Битола исполнет со фудбал, дружење и многу позитив...
17/08/2026

🏆Trofej Trajan Kulja-Трофеј Трајан Куља 🏅
Преубав викенд во Црнобуки - Битола исполнет со фудбал, дружење и многу позитивна енергијa. 🩵
Браво за сите дечиња кои покажаа голема желба, борбеност и тимски дух на теренот. Секој натпревар беше ново искуство, а најважно од сè беше насмевката и радоста кај децата 👏

2017та високо трето место 🥉
2015та најдобар стрелец Марко Ташков 🎖️
2016та со борба и желба за победа на секој натпревар во групата но среќата не беше на наша страна 🍀

Благодарност до организаторите на турнирот за одличниот пречек и перфектната реализација на трите натпреварувачки дена.

💦 НОВ ЧЕКОР ЗА НАШИОТ ТЕРЕН! ⚽️Работите продолжуваат! Деновиве успешно е поставен системот за наводнување со прскалки, а...
09/08/2026

💦 НОВ ЧЕКОР ЗА НАШИОТ ТЕРЕН! ⚽️

Работите продолжуваат! Деновиве успешно е поставен системот за наводнување со прскалки, а целиот ископ е завршен. 🌱💦
Ова е уште една важна инвестиција во условите за тренинг и развој на нашите деца. Чекор по чекор го уредуваме нашиот терен и создаваме уште подобри услови за работа. 🚜

🙏 Голема благодарност до ISKOP STIP за професионално изведениот ископ и, пред сè, за континуираната поддршка на нашиот клуб и нашите деца 👏

Но… НЕ ЗАСТАНУВАМЕ ТУКА! 👀 НЕДОСТАСУВАШЕ САМО ЕДНО…
💡 Наскоро започнуваме со НОЌНИ ТРЕНИНЗИ! 🌙🔥

ФК МАРАДОНА, чекор по чекор, го менуваме спортот во Штип ⚽️
Наскоро повеќе детали… 👀💣

ИДНИНАТА НА ФУДБАЛОТ ВО ШТИП – ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ ⚽Како општествено одговорен фудбалски клуб, ФК Марадона секогаш ќе ...
05/08/2026

ИДНИНАТА НА ФУДБАЛОТ ВО ШТИП – ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ ⚽

Како општествено одговорен фудбалски клуб, ФК Марадона секогаш ќе биде подготвен да помогне кога е во прашање развојот на младите фудбалери од нашиот град.

Во периодот кога генерацијата 2012/2013 на ФК Брегалница се соочи со тешка ситуација поради отсуството на нивниот тренер и организациските предизвици во клубот, со големо задоволство им ги отворивме вратите на нашиот стадион во населба Баби.
📌 Во текот на месеците јуни и јули, овие млади фудбалери тренираа во одлични услови, со квалитетен тренажен процес, со единствена цел – да ја задржат својата форма и да продолжат да напредуваат.

Денес ни е особено драго што генерацијата повторно се враќа во редовниот тренажен процес на ФК Брегалница - Регионална лига на чело со искусниот тренер Зоран Поп Панев.
Веруваме дека сите клубови во Штип имаат иста мисија создавање здрави, дисциплинирани и успешни млади спортисти.
На фудбалерите, тренерите и раководството на ФК Брегалница им посакуваме успешни подготовки, добро здравје и многу успеси во претстојната натпреварувачка сезона.

🩵 Кога станува збор за децата, нема ривалство - има само заедничка грижа за иднината на штипскиот фудбал. 🏟️

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸  🥉
17/07/2026

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸

🥉

🏖️ Успешно заврши Охрид Летен Камп 2026 ⚽Неколку незаборавни денови исполнети со фудбал, дружење, смеа и прекрасни момен...
07/07/2026

🏖️ Успешно заврши Охрид Летен Камп 2026 ⚽

Неколку незаборавни денови исполнети со фудбал, дружење, смеа и прекрасни моменти покрај Охридското Езеро. 🏊🏻‍♂️

Нашите млади фудбалери не само што ги усовршуваа своите вештини, туку изградија нови пријателства, научија што значат дисциплина, почит и тимски дух, вредности што ќе ги носат со себе и надвор од теренот.

Горди сме на секое дете, на нивниот труд, посветеност и насмевка. Благодарност до родителите за довербата и до тренерите за нивната професионалност и несебична работа, голема благодарност за 👕Motiv Plus за прекрасниот изглед на дечињата 👏
Од Охрид си заминуваме со полни срца, прекрасни спомени и уште поголема мотивација за нови предизвици.🩵

Се гледаме повторно следното лето 🌊☀️⚽

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸 🥇
28/06/2026

🏆 Охрид Куп TROPHY PRESENTATION 2026 👉🏻 21 June 📸

🥇

🏆 Крај на едно прекрасно патување во Охрид 🇲🇰Денес го завршивме нашето учество на Охрид Куп и гордо се враќаме дома со п...
21/06/2026

🏆 Крај на едно прекрасно патување во Охрид 🇲🇰

Денес го завршивме нашето учество на Охрид Куп и гордо се враќаме дома со прекрасни резултати, многу емоции и незаборавни спомени.

🥇 Генерација 2017 – ОСВОЈУВАЧИ НА ТУРНИРОТ 🏆
🥉 Генерација 2016 – 3-то место 🏆
🏅 Генерација 2018 – 4-то место 🩵

Сите наши деца заслужено се закитија со медали, како награда за нивната борбеност, дисциплина и тимски дух во текот на целиот турнир. 👏
Посебно сме горди што наградата за 🏅 Најдобар играч на турнирот во генерација 2017 ја освои нашиот Тони Клјајиќ, кој со своите настапи покажа квалитет, карактер и лидерство на теренот. ⭐️

Овој турнир ни донесе многу повеќе од резултати, нови пријателства, нови искуства и спомени кои ќе ги паметиме долго време. Благодарност до сите деца, тренери и родители за поддршката и посветеноста во текот на целиот турнир. 🩵
Со полни срца и гордост се враќаме дома, а веќе гледаме кон новите предизвици и успеси што нè очекуваат. 🙏🏻⛵️🛟🏟️

🏊🏻‍♂️ Трет ден во прекрасниот Охрид 🛟Денот го започнавме со посета на Билјанини Извори и црквата ⛪ Church of St. John at...
20/06/2026

🏊🏻‍♂️ Трет ден во прекрасниот Охрид 🛟

Денот го започнавме со посета на Билјанини Извори и црквата ⛪ Church of St. John at Kaneo, уживајќи во убавините и историјата на градот. Потоа следуваше заслужено освежување во водите на Охридското Езеро, каде нашите млади фудбалери уживаа во дружење, смеа и незаборавни моменти. 🌊☀️

Овој турнир не е само фудбал, тоа е пријателство, тимски дух, нови искуства и спомени кои ќе останат засекогаш.

Утре нè очекува голем ден🔥
🏆 2017та генерација ќе игра ФИНАЛЕ, а две генерации ќе се борат за третото место, каде денеска во полуфиналињата немаа среќа на пеналите 🩵

Горди сме на сите наши деца кои со срце, пожртвуваност и дисциплина го претставуваат клубот. Без разлика на исходот, тие веќе покажаа што значи да се биде вистински тим.

🏅Среќнo на сите учесници на турнирот Охрид Куп, утре играме за нови успеси и нови спомени ⚽️

19/06/2026

⛵️ Охрид Куп 2026 - Ден 2 ⚽️

Со голема гордост можеме да кажеме дека сите генерации на FC Maradona Kids обезбедија пласман во полуфинале 🩵⚽️

Дечињата покажаа карактер, борбеност, дисциплина и вистински тимски дух на секој натпревар. Резултатите се награда за нивниот труд, но најголемата победа се насмевките, пријателствата и љубовта кон фудбалот. 🙌
Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација! 💪🔥

Address

Stip

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when FC Maradona Shtip posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to FC Maradona Shtip:

Shortcuts

Share

Category