25/08/2026
💥💥ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ВО СТРУМИЦА ДЕКА ВО НЕДЕЛА (30.08), ВО 20.00 ЧАСОТ ЌЕ СЕ ОДИГРА НАТПРЕВАРОТ ПРОТИВ ДЕТОНИТ.
ПРЕД НАТПРЕВАРОТ ЌЕ ИМАМЕ МАЛА СВЕЧЕНОСТ КАДЕ ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ НА ИГРАЧИТЕ КОИ ВЛЕГУВААТ ВО ТОП 10 ПО БРОЈ НА НАСТАПИ ЗА КЛУБОТ ОД НЕГОВОТО ФОРМИРАЊЕ ПА ДО ДЕНЕС.
ВО ТОП 7 НА ТАА ЛИСТА Е ДОНЧО ГЕОРГИЕВ ЛЕГЕНДАРЕН ГОЛМАН, КАДЕ ОД ИМЕТО НА КЛУБОТ ВО НЕДЕЛА ПРЕД НАТПРЕВАРОТ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЛАВЧО ВАСКОВ-ПИНДА ЌЕ МУ ДОДЕЛИ ПЛАКЕТА И ВРАМЕН ДРЕС СО НЕГОВОТО ИМЕ И БРОЈОТ НА НАСТАПИ.💥💥
Дончо Георгиев е легендарен голман на Беласица, кој во периодот од 1973 до 1987 година, забележува 262 првенствени натпревари во 13 сезони, со што е голман со најмногу натпревари за Беласица. Георгиев е на 7-то место по број на натпревари во историјата на Беласица и со неа станува два пати првак на Македонија.
Георгиев дебитира во дресот на Беласица, на 21 годишна возраст, есента 1973 година на натпреварот во Скопје против Југококта (денешна Македонија Ѓорче Петров). Таа сезона 1973/74, Беласица има три млади голмани: Благој Георгиев, Дончо Георгиев и Јовица Панчевски. Голот на Беласица го чува во два наврати и тоа од 1973 до 1985 и во сезоната 1987/88. Во сезоните 1974/75, 1975/76 и 1976/77, настапува на повеќе од 30 првенствени натпревари. Во периодот од 1978 до 1982 година ја дели минутажата со Благој Истатов. Георгиев на 20 натпревари го брани голот на Беласица, во сезоната 1982/83, кога Беласица станува шампион на Македонија. Во првите две сезони на Беласица во Втората југословенска лига - исток, Георгиев е на голот на вкупно 35 натпревари. Последниот првенствен настап го забележува во декември 1987 против Кожуф во Гевгелија, во Првата македонска лига. И во оваа сезона, 1987/88, Беласица станува шампион на Македонија, на тој начин Георгиев со Беласица по втор пат станува шампион.
Во овој период, Георгиев покрај со Истатов, е голмански тандем и со други големи голмански имиња како што се: Благој Георгиев (сезона 1973/74), Коце Костадинов (1976-78), Душко Василев (1983-84), Душко Руменовски (сезона 1984/85) и Марјан Илиев (сезона 1987/88).
Георгиев брани и една сезона во Тиверија (1986/87), каде забележува 19 настапи на првенствени натпревари.
ДА ДОЈДЕМЕ И ДА ГО ПОЗДРАВИМЕ ВЕЛИКАНОТ ДОНЧО ГЕОРГИЕВ.
#БеласицаЕСтрумица🔵⚪️🔵⚪️🔵
#СтрумицаЕБеласица🔵⚪️🔵⚪️🔵