30/03/2026
📸 Како да дојдеш до твоите фотографии од Водно 10К?
За да ги пронајдеш твоите фотографии од трката, следи ги чекорите подолу:
👉 Линк до фотографии:
https://witisi.photo/event/Vodno10K2026
________________________________________
🏃♂️ Индивидуална трка
1. Отвори го линкот погоре
2. Избери една од опциите:
o Find photos by BIB number
o Find photo by Selfie
🔎 Пребарување по стартен број:
3. Внеси го твојот стартен број (BIB)
4. Внеси го твојот датум на раѓање (како во пријавата)
5. Кликни на Continue
✅ Ќе ти се прикажат сите твои фотографии од трката
________________________________________
👥 Штафетна трка
1. Отвори го линкот
2. Избери:
o Find photos by BIB number
o или Find photo by Selfie
🔎 Пребарување по стартен број:
3. Внеси го стартниот број во формат:
👉 пример: 501-1
4. Наместо датум на раѓање, избери опција:
👉 Personal Code
5. Внеси го твојот Personal Code
(кодот ти е испратен на емаил адресата што ја имаш оставено при пријавување)
6. Кликни на Continue
✅ Ќе ти се прикажат сите твои фотографии
________________________________________
💡 Совет
Ако не можеш да ги најдеш фотографиите:
• Провери дали точно си го внесол бројот
• Обиди се со Selfie опцијата
________________________________________
📢 Дополнително
Не заборавај да ги споделиш твоите фотографии и да нè тагнеш 📲
28/03/2026
Нашиот верен подржувач Kakadu Travel обезбеди превоз за сите натпреварувачи од основното училиште „Кочо Рацин“.
Поаѓањате ќе бидат по следниот распоред: 08:15, 08:30, 08:45 и 09:00.
26/03/2026
🚨 Последен ден за пријавување! 🚨
Не ја пропуштај шансата да бидеш дел од Водно 10K! 🏃♂️🌿
Пријавите се отворени уште само денес – време е да си го обезбедиш местото на стартната линија!
📍 Одлична патека
🔥 Одлична атмосфера
💪 Предизвик што се памети
⏳ Пријави се сега – утре веќе ќе биде доцна!
👉 https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026
26/03/2026
⚠ Издавањето на стартните пакети ќе биде на 28.03 (сабота) од 10:00 до 18:00 часот пред катната гаража Судска Палата.
➡ Учесниците од другите градови ќе може да ги подигнат пакетите и во недела на Средно Водно од 08:30 до 09:30 часот.
25/03/2026
Почитувани учесници на трката Водно 10K и сите вљубеници во природата, 🌿
Ве покануваме утре, 26 март, да ни се придружите на еко-акцијата што ја организираме во пресрет на атлетската трка Водно 10K, која ќе се одржи во недела.
📍 Се собираме на паркингот кај Свети Пантелејмон во 16:00 часот, каде што ќе се поделиме во групи и ќе ја исчистиме патеката по која ќе трчаме.
🎒 За сите еко-херои обезбедуваме:
- заштитна опрема
- закуска
- ладно Скопско 🍺
Да го направиме Водно почисто место – за нас, за тркачите и за природата.
За чисто Водно! 💚
23/03/2026
Сите што имаа проблеми со банкарско плаќање или пак не стигнаа да се пријават, ги информираме дека пријавувањето за Водно 10К е продолжено до четврток (26.03).
Пријава на следниот линк: https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026
20/03/2026
Пријави се сега и биди дел од јубилејното 5-то издание на Водно 10К! 🎉
Трчај, уживај и слави со нас во одлична атмосфера со многу забава и музика! 🎶🎵🥳🍻
Пријави се на: https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026
19/03/2026
🚐 За превозот на тркачите🏃♀️➡️🏃➡️ и оваа година ќе се погрижи Kakadu Travel
Ќе биде организирано:
➡ Превоз од ОУ "Кочо Рацин" до Средно Водно
➡ Превоз од Средно Водно до Пантелејмон (За втората измена на штафетата)
➡ Превоз од Пантелејмон до Средно Водно (За враќање на првата измена на штафетата)
⚠️ Распоредот на тргнување ќе биде објавен дополнително.
18/03/2026
Пријавувањето е до 20-ти март. Пријави се на:➡️ https://fortius.trki.mk/mk/events/vodno-10k-2026
17/03/2026
🎤😎 Водител на Водно 10К и оваа година ќе биде неповторливиот Марко Новески.